Иван Ракитиќ има добовор со Барселона до 2021 година и не се очекува Хрватот да ја продолжи соработката.
Пред да потпише за Барселона Ракитиќ го носеше дресот на Севиља и стана вистински миленик на навивачите. Додека беше дел од Севиља и самиот освои трофеј во Лигата на Европа, тогаш шпанскиот тим во финалето ја победи Бенфика со 4:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така Ракитиќ вчера се јави во програмата во живо на телевизија од Севиља, а откако сподели колку е среќен облечен скокна во базен.
Со оваа прослава тој ги налути навивачите на Барселона. Голем дел од коментарите на социјалните мрежи, но и каталонските медиуми се во насока дека Ракитиќ не смеел јавно да слави кога неговиот клуб минува низ еден тежок период.