Дома Фудбал Италија „Ракетата“ на Роналдо вчера се движела со брзина од 105 km/h (ВИДЕО)

„Ракетата“ на Роналдо вчера се движела со брзина од 105 km/h (ВИДЕО)

Кога и да се најде на удар на критики од јавноста Кристиано Роналдо одговара на теренот. Така направи вчера против Џенова кога постигна феноменален гол.

Роналдо е познат како вистинска атлета и човек кој многу внимание и часови посветува на физичката спремност. Токму тоа му овозможува да игра на највисоко ниво веќе 15-тина години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот Португалец против Џенова го постигна својот најубав гол во 2020 година. Кон средината на второто полувреме после еден пас на Пјаниќ ја повлече топката и ја затресе мрежата на Матија Перин.

Италијанците пресметаа дека при овој негов удар топката се движела со брзина од 105 km/h.

Изгледа дека на Роналдо прилично му одговара „Мараси“ стадионот бидејќи во зимото тука против Сампдорија постигна фантастичен гол кога скокна неверојатни 2.56.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…