Продолжува шпанската сапуница во италијанска режија!
Според информациите до кои дојде италијанскиот „Кориере дела Сара“, познатиот агент Мино Раиола го понудил својот клиент, Џанлуиџи Донарума на – Рома!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан има проблеми со финансискиот фер-плеј и ова лето мора да има некоја продажба на „Сан Сиро“, а од Донарума „росонерите“ би можеле добро да ја наполнат касата.
Колку поради пари, толку и поради незадоволство кое талентираниот голман констатно го покажуваше во текот на целата сезона.
И покрај тоа, Раиола неодамна најави дека Донарума би можел да остане во Милан до крајот на неговата кариера. Сепак, изгледа дека за многу краток период сврте нов лист и сега наводно сака да го одведе Донарума во Рома.
Холанѓанецот со италијански корени оваа можност на Рома и ја соопштил во текот на преговорите за Џастин Клајверт, фудбалер кој исто така го застапува, знаејќи дека голманот на Рома (Алисон) е мета на голем број клубови.
Рома не сака да си направи проблем сличен како на Милан и сака да го испочитува финансискиот фер-плеј кој во овој момент им дозволува да потрошат само 30 милиони евра.
Тоа не би било доволно за Донарума, но тоа е Раиола. Треба да се потсети и дека од продажбата на Алисон Рома би заработила барем 50-60 милоони евра милиони евра.