Медиумите на Островот сметаат дека и покрај големата конкуренција, Манчестер Јунајтед е главен фаворит за потписот на голгетерската сензација од Салцбург, Ерлинг Халанд.
19 годишниот напаѓач е „достапен“ за сите заинтересирани клубови за неговите услуги за само 25 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула, плус обврските кон агентот на напаѓачот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за добро познатиот агент Мино Раиола, кој како „комисиона“ бара 12 милиони фунти, доколку трансферот биде реализиран во јануари.
На крајот на сезоната откупната клаузула на Халанд ќе биде зголемена на 76 милиони фунти, па заедно со бонусот за менаџерот сумата ќе достигна до 88 милиони фунти.
Поради тоа, Манчестер Јунајтед или другите заинтересирани клубови ќе мора да му ја платат сумата на Раиола, ако го сакаат напаѓачот во јануари.