Дома Фудбал Германија Раиола: Борусија не сака да го продаде Халанд, но јас не се согласувам

Раиола: Борусија не сака да го продаде Халанд, но јас не се согласувам

Агентот Мино Раиола откри дека бил во Германија за да разговара со Борусија Дортмунд за иднината на Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раиола потврди дека директорите на Борусија Дортмунд му соопштиле дека немаат намера да го продаваат Халанд ова лето. Тој тврди дека ја почитува нивната одлука, но не се согласува со неа.

Раиола и таткото на Халанд веќе имаа средба со неколку европски клубови, па Халанд сигурно ќе има многу богати понуди на маса.

„Морам да потврдам дека бев во Дортмунд на разговор. Михаел Џорк јасно потвди дека Борусија не сака да го продаде Халанд ова лето. Јас го респектирам нивното мислење, но не се согласувам со него“, изјави Раиола.

„Нема апсолутно никаква војна помеѓу мене и клубот, имаме одлични односи. Тие јасно ги кажаа своите намери, ние ќе ги почитуваме. Ќе видиме што ќе се случи“, додаде контроверзниот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

(Видео) Прослава на гол на навивачка од Мексико со бујни облини стана вирална

Победата на Мексико над Јужна Кореја со 1:0 на Светското првенство, покрај спортското возб…