Дома Фудбал Разочарување за фановите: Баерн без публика ќе ја пречека Барселона

Разочарување за фановите: Баерн без публика ќе ја пречека Барселона

Баерн Минхен во последното коло, во Лигата на шампионите ќе ја пречека Барселона пред празни трибини.

Властите во покраината Баварија, објавија дека поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, ќе бидат донесени нови мерки. Една од мерките ќе биде да се забрани публика на спортските натпревари.

„Фудбалските натпревари треба повторно да се играат без публика. Баварија ќе го направи тоа. Фудбалот е одличен пример и треба да ги намалиме контактите насекаде“, објави баварскиот премиер Седер.

Ова е позитивна вест за Барселона, која во последното коло мора да победи доколку сакат да се пласира во осмина-финалето. Во спортивно ќе зависи од резултатот на натпреварот Бенфика-Динамо Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја освои „Копа“, па порача: Трофејот требаше да заврши кај Кубарси!

Ѕвездата на Барселона по третпат го доби признанието за најдобар млад фудбалер, но во свој…