Дома Фудбал Разочарување за Арсенал и Челси пред финалето во Баку

Разочарување за Арсенал и Челси пред финалето во Баку

Арсенал и Челси добија по 6.000 влезници за финалето на Лига Европа на стадионот во Баку, Азербејџан.

Арсенал ја елиминира Валенсија во полуфиналето со две победи, додека Челси после две нерешени на пенали го исфрли Ајнтрахт Франкфурт и во финалето ќе играат два англиски тим, исто како и во ЛШ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Финалето се игра на 29 мај во Баку, но од клубовите се изненадени кога дознаа дека навивачите на двата тима ќе добијат по 6.000 влезници, иако стадионот има капацитет од 68.700 гледачи.

„Ќе има многу навивачи кои го поддржуваат клубот со години и кои се дел од нашите патувања во Европа оваа сезона, а кои нема да можат да присуствуваат на финалето“ – соопшти Арсенал откако дозна колку влезници ќе има на располагање.

Клубот наведе дека цените на влезниците ќе бидат помеѓу 26 и 121 фунта. Најголемиот дел од влезниците ќе чинат 43 фунти.

Ливерпул и Тотенхем ќе имаат по 16.613 влезници за финалето на стадионот Ванда Метрополитано во Мадрид, кој е со капацитет од 68.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…