Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јонг (26) или Роналд Араухо (25), тврди „Спорт“. Секако, каталонските медиуми истакнуваат дека спектакуларната размена на двајца играчи од средниот ред, еден од најдобрите во светот, би се случила само доколку играчите ја прифатат.
Договорот на Кимих со Баерн истекува во летото 2025 година, каде што е од 2015 година и неколку пати беше капитен на тимот. Со оглед на тоа дека следната година би можел да си замине бесплатно, а се уште не се договорил за продолжување на соработката, Баварците летово би можеле да го продадат. „Спорт“ пишува дека ќе бараат минимум 50 мил.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кимих кариерата ја започна во Штутгарт и РБ Лајпциг, додека со Баерн освои 20 трофеи. Стандарден е во германската репрезентација со 84 настапи и шест гола, може да игра на средината централно и на средината по десната страна.
„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 60 милиони евра, но Барселона не е единствената која го посакува, се споменуваа и Манчестер Сити и ПСЖ. „Спорт“ пишува дека „неговата иднина ќе се решава во наредните недели“.
Доколку не потпише нов договор, Баерн би се обидел да го испрати Кимих во Барселона, а потоа за дополнителна сума да го добие Холанѓанецот Де Јонг или уругвајскиот стопер Араухо со кого и претходно беше поврзуван
Де Јонг пристигна во Барселона пред пет години од Ајакс. Тренерот Чави Ернандез го гледа како еден од главните играчи, а тој статус го има и во холандската репрезентација за која одигра 54 натпревари и постигна два гола.
Араухо е централен дефанзивец кој претходно настапуваше за Рентистас и Бостон Ривер во Уругвај, додека во последните шест години е член на каталонскиот гигант. Тој е и незаменлив член на составот на каталонците, двајцата имаат договор до летото 2026 година.