Вардарки во сабота го пречекуваат Митјиланд во натпревар од четвртфиналето во ЛШ, кој воедно ќе биде и последен на највисоко ниво за оваа генерација.
Капитенот на вардарки Јованка Радичевиќ со солзи во очите испрати порака до фановите да се збогуваат пред полна сала.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дојдовме до самиот крај. Во Јане Сандански го играме последниот натпревар заедно. Мислам дека заслужуваме полна сала и ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број. Многу ни е тешко но ќе најдеме сили емоциите да ги надминеме. Победивме на првиот натпревар, но не покажавме тоа што можеме. Мораме да ги поправиме грешките од Данска. Верувам во тимот и верувам дека ќе се пласираме на Ф4 во Будимпешта“, изјави Радичевиќ.
„Сите знаеме што треба да направиме на овој меч против Митјиланд. Во Данска одигравме катастрофално во првиот дел, но го спасивме во второто полувреме, победивме со еден гол разлика што не е така лошо за гостување. Подготовките се одвиваат добро, сите ракометарки се подготвени, направивме анализи, и во сабота треба да го покажеме она што сите го очекуваат од нас“, изјави тренерот Дибирова.