Ралф Рагник на клупата на Манчестер Јунајтед пристигна како привремено решение до крајот на сезоната, се шпекулираше дека можеби ќе остане и подолго, но после резултатите на тимот тоа сигурно нема да се случи.
За викендот Јунајтед одигра реми 1:1 против Лестер со што по ова коло тимот се најде на седмата позиција на табелата. Во овој момент Јунајтед има 51 бод, три помалку од Тотенхем кој четврти и Арсенал на петтата позиција, но топџиите имаат два натпревари помалку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По ремито со Лестер Рагник е искрен и призна дека неговиот тим не е фаворит за место во топ 4.
„Воопшто нема да ни помогне тоа ако секој викенд ја гледаме табелата и зборуваме што може да се случи. Во овој момент ние не сме фаворити за четвртата позиција. Не можам да предвидам што ќе се случува понатаму, мојата работа е да го водам тимот најдобро што можам. Сезоната не е завршена, има уште осум натпревари“, изјави Рагник.