Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рагник е задоволен од изданието на неговите фудбалери против Кристал Палас иако „црвените ѓаволи“ победија само со 1:0.
Рагник дебитираше со минимална победа и е задоволен од тоа што го видел кај неговите фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Навистина сум среќен и повеќе од тоа. Најважно е што победивме, потоа не примивме гол, и трето заслуживме затоа што го контролиравме натпреварот. Посебно добро го одигравме првиот половина час. Единствено нешто кое недостасуваше во првото полувреме беше да постигна еден или два гола.. Сепак, многу е јасно дека не можеме да играме на исто ниво во сите 90 минути“.
„Искрено, изненаден сум од физичката состојба, интезуитетот и перфорамансот на фудбалерите. Не очекував вака да играме после само еден тренинг заедно“, изјави Рагник.