Дома Фудбал Италија Рагник објасни зошто не дошол во Милан

Рагник објасни зошто не дошол во Милан

На почетокот на годината многу се пишуваше за доаѓањето на Ралф Рагник во Милан, се најавуваше дека Германецот ќе има двојна улога во Милан – тренер и спортски директор.

Тоа што толку многу се зборуваше за Рагник му пречеше за Звонимир Бобан кој во март јавно го критикуваше раководството па доби отказ. Меѓутоа минатиот месец кога се изгледаше како договорено се случи пресврт и Милан го награди Пиоли со нов договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рагник сега објасни зошто тој не дошол во клубот.

„Ништо не се случи поради добрата серија по ре-стартот на сезоната. Не можете да го смените тренерот по девет победи и три нерешени резултати. Без разлика од која перспектива се гледа на работите, од моја или од страна на клубот, еден ваков потег воопшто немаше да биде мудар“, објасни германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…