Дома Трансфер зона Работно во Интер: Потпиша засилувањето од големиот ривал

Работно во Интер: Потпиша засилувањето од големиот ривал

asamoah

Левиот бек од Гана потпиша договор на три години.

После Де Фрај на ред дојде и Квадво Асамоа. Левиот бек од Гана на кого пред неколку дена му истече договорот со Јувентус, потпиша договор на три години со „Нероуазуирте“, до јуни 2021 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот роден во Акра пред точно 30 години, кариерата во Европа ја започна во швајцарска Белинциона пред да се пресели во младинците на Торино. Во летото 2008 година премина во Удинезе каде што го започна големиот фудбалски пат. На „Фриули“ помина четири сезони, а со одличните настапи си обезбеди трансфер во Јувентус во
јули 2012 година.

Во редовите на „старата дама“ се задржа шест години, освои 13 трофеи, забележа 156 настапи и пет погодоци.

Може подеднакво добро да игра и лев бек, но и како лев играч за врска. За репрезентацијата на Гана настапи на 69 натпревари и постигна четири погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…