Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички многу блиску до квалификации за Лига Европа

Работнички многу блиску до квалификации за Лига Европа

Екипата на Работнички е на чекор до пласман во квалификациите за Лига Европа.

Работнички вчера на гостувањето во Тетово против Шкендија одигра нерешено 3-3, а со освоениот бод како и поразот на Ренова кај Вардар со 0-2, сега „романтичарите“ имаат шест бодови повеќе во однос на „гипсарите“. До крајот на првенството во Првата македонска фудбалска лига остануваат уште две кола, а Работнички има и далеку подобра гол разлика од Ренова.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На останатите средби од 34.коло во ПМФЛ, одиграни попладнево беа постигнати следниве резултати: Силекс – Пелистер 3-3, Победа – Македонија ЃП 4-2 и Шкупи – Брегалница 3-0.

Табела: Вардар 79 бодови, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21 и Македонија ЃП 19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…