Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички го „реши“ Шкупи во девет минути, Струга со бод си оди од Скопје, „нула“ во градските пресметки

Работнички го „реши“ Шкупи во девет минути, Струга со бод си оди од Скопје, „нула“ во градските пресметки

Денес во македонската прва фудбалска лига се одиграа пет натпревари од 22. коло.

Дербито се играше на терените на ФФМ каде што Шкупи го пречека Работнички. Натпреварот беше решен на самиот старт, во првите девет минути. Стојкоски уште во првата минута го матираше Кристијан Наумовски. Веќе во 9. минута Работнички имаше 0:2. Стрелец на голот беше Прелчец кој го постигна вториот гол во дресот на Работнички.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Колку беше разочаран Озер од она што го гледа на теренот од своите избраници покажува што после половина час направи двојна измена. Глигоров и Региналдо го напуштија теренот, а на негово место во игра влегоа Банугра и Диак.

Најголемите шанси за гол Шкупи ги имаше до крајот на првиот дел, во вториот дел гледавме нешто помирна игра која му одговараше на Работнички. Резултатот не се промени па гостите ги однесоа трите бода.

Вардар ремизираше со Струга Трим Лум на Арената. Ристевски ги доведе гостите од Струга во водство од пенал после 20 минути игра, а конечните 1:1 ги постави Петковски на 15 минути до крајот на мечот.

Пелистер во Битола забележа минимална победа против Борец (1:0). Натпреварот го реши Пејаковиќ на пет минути до крајот на првото полувреме.

Во градските пресметки помеѓу Беласица – Академија Пандев и Шкендија – Ренова не видовме погодоци.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…