Еден од најинтересните трансфери летово го направи Осман Дембеле кој од Барселона премина во редовите на Пари Сен Жермен.
Дембеле во Барселона дојде како големо засилување кога Нејмар си змаина, но епизодата во Каталонија ќе ја памети по големиот број повреди. Беше мотивиран Дембеле да се покаже во подобро светло пред само некоја недела, но сето тоа падна во вода набрзо кога потпиша за ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Барселона сака да го обновиме договорот до 2027 година и мојот агент разговара со нив. Среќен сум што сум тука и сакам да продолжам, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Дембеле за „Марка“ на 17. јули.
„Барса сега е тим со искусни и млади играчи. Има многу добра атмосфера во соблекувалната. Како семејство сме. Се чувствувам многу добро во градот и имам многу добар однос со соиграчите. Среќен сум тука и играм“.
Сега овие изјави кои се дадени пред само неколку недели изгледаат навистина смешно…