Дома Фудбал Останато Пјаниќ си ја отвори душата: Сите треба да знаат што ми се случуваше во Барселона

Пјаниќ си ја отвори душата: Сите треба да знаат што ми се случуваше во Барселона

Миралем Пјаниќ ја напушти Барселона и се пресели во Бешикташ, тоа беше можно затоа што Турција се уште дозволува регистрирање на фудбалери кои доаѓаат од други лиги.

Пјаниќ во Турција ќе игра како позајмен фудбалер, а иако уште е поврзан со Барселона одлучи да си ја отвори душата и да зборува без влкана на јазикот. Босанскиот фудбалер тврди дека уште на почеток се соочи со игнорантски однос од страна на Куман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ситуацијата почна да се комплицира од самиот старт. Почнав две недели подоцна и тренирав сам. Поминаа еден, два три, пет, десет дена, а Куман не дојде да зборува со мене, никогаш не ме праша што мислам и какви погледи имам за сезоната. Не ме претстави пред тимот, нешто што вообичаено го прават сите тренери. Не играв и не ми кажуваше зошто не играм. Се обидов, барав одговори, но никогаш не ги добив. Можам да прифатам се, но не и некој да се однесува со мене како да имам 15 години. И покрај се јас секогаш бев професионален, тоа може да ви го каже било кој играч“.

„Го прашав дали има проблем со мене, што не правам добро, а објасување не добивав, само ми кажуваше дека се е ротација. Играв по 5-10 минути или ќе се загревав цело полувреме и немаше да влезам. Дојдов со освоени титули од Јувентус и сигурно не заслужив таков третман. Никогаш не сум видел некој тренер да води екипа како што тоа го прави Куман, кај него нема разговор лице в лице. Можев дао станам во Барселона и да си добивам плата, меѓутоа не сум таков, сакам да играм. Со нетрпение чекам да му помогнам на Бешикташ“.

„За вакви работи ретко зборувам, но сега мислам дека сите треба да знаат што ми се случуваше во Барселона. Поминав многу тежок период, добро е што е зад мене. Сега пред мене се нови предизвици“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…