Дома Трансфер зона Пјаниќ после само една година ја напушта Барса

Пјаниќ после само една година ја напушта Барса

Миралем Пјаниќ минатото лето се пресели во Барселона како големо засилување, но засега не ги оправда очекувањата.

Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пјаниќ не се снајде најдобро во Барселона, па е спремен да ја промени средината после само една година.

Барселона има потреба од финансии, па го стави 30-годишниот плејмејкер на продажба. Најсилен интерес за Пјаниќ покажуваат неколку италијански клубови, а и самиот фудбалер сака да се врати во Серија А.

Сепак, проблем може да биде неговата висока плата, па Пјаниќ ќе треба да прифати намалување на платата доколку сака да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…