Дома Фудбал Останато Пујол станува тренер и го наследува поранешниот стратег на Барселона

Пујол станува тренер и го наследува поранешниот стратег на Барселона

puyol12.22

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол е одлучен во намерата да започне тренерска кариера.

Пујол професионално не игра фудбал од 2014 година кога стави точка на кариерата во која настапуваше само за Барселона, но наскоро би можел да се врати во светот на фудбалот, бидејќи за неговите услуги се интересир Атланта Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на овој клуб е заинтересирана да го доведе Пујол на позицијата тренер откако отказ заработи Герардо Мартино, а двете страни наводно се блиску до договор кој би требало да биде официјализран во првите денови од наредната година.

Нема сомневање дека Пујол има доволно знаење и авторитет да води еден тим од МЛС лигата, а превземањето на Атланта која е актуелен шампион не изгледа како лоша опција за старт на тренерската кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…