Дома Фудбал Пујол: Свирежите не помагаат, треба да се обединиме

Пујол: Свирежите не помагаат, треба да се обединиме

Легендата на Барселона, Карлес Пујол ја коментираше актуелната ситуација во клубот и незадоволството на фановите после поразот од Реал Мадрид на „Камп Ноу“.

„Во Барселона свирежите нема да донесат ништо добро. Уште повеќе после период во кој се освоени многу титули. Клубот го загуби најдобриот фудбалер во историјата и се наоѓа во фаза на реконструкција“, истакна Пујол.

„Барселона секогаш треба да се бори за трофеи во сите натпревари во кои учествува. Фановите треба да ги поддржуваат играчите од првата до последната минута. Свирежите не се потребни, треба да сме обединети. Ќе ја надминеме кризата, но треба да сме сплотени“, изјави Пујол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tренерот на Јувентус остар кон новото засилување: Со причина не играше две години!

Јувентус ја отвори новата сезона во Серија А со триумф на гости кај Фросиноне (1:0), но и …