Дома Топ вести Пујол излезе во јавноста: Нејмар мора да каже што сака!

Пујол излезе во јавноста: Нејмар мора да каже што сака!

Легендарниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол, смета дека веќе е време Нејмар јасно да каже што сака.

Тема број еден во сите светски медиуми, веќе неколку дена е Нејмар и неговиот трансфер, секојдневно се појавуваат нови потврди или деманти, но и по некоја изјава.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега на „сцена“ стапи Карлес Пујол, кој истакна дека Бразилецот мора да се изјасни.

„Не знам што ќе биде со Нејмар. Тој мора да се изјасни и да каже што сака. Навистина не можам да зборувам во негово име. Важно е да донесе одлука. Јасно е дека во денешно време играчите тешко остануваат цела кариера во еден клуб. Фудбалот се менува, иако сепак има исклучоци како Меси, Бускетс и Иниеста“, изјави Пујол..

Иначе Пујол, целата своја професионална кариера ја помина во Барселона. Шпанецот истовремено потсети дека минатата сезона за Каталонците може да се смета како неуспешна бидејќи го освоија само кралскиот куп. Додаде и дека новиот тренер Ернесто Велведре ќе успее да го врати клубот на победничките патеки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…