Дома Македонски спорт Мак фудбал Пуштени во продажба билетите за натпреварот на Струга против Будуќност по цена од 500 денари

Пуштени во продажба билетите за натпреварот на Струга против Будуќност по цена од 500 денари

Екипата на Струга ги пушти во продажба билетите за натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Струга Трим Лум и Будуќност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Билетите се во продажба по цена од 500 денари, а може да се купат и онлајна на „karti.com.mk“, а исто така можат да се купат и од „Емпире бар“.

Претходно Струга во квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите против Жалгирис продаваше билети по 1.200 денари со кои следуваше и тимска маичка, но и со таква цена стадионот „Билијани Извори“ беше исполнет.

Натпреварот против Будуќност се игра на 26-ти јули со почеток од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…