Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандес уште во јануари ќе започне со реконструкција и засилување на тимот.
Весникот „АС“ пренесува дека Чави е заинтересиран за офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
23-годишниот Пулишиќ ќе биде приоритет на Каталонците во зимскиот преоден рок, а самиот фудбалер е спремен да преселба на „Камп Ноу“.
Пулишиќ не добива голема минутажа на „Стенфорд Бриџ“ и нема ништо против да го напушти Челзи во зимскиот преоден рок.
Барселона е во тешка финансиска ситуација и сака да го донесе фудбалерот на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.