Шкупи доведе големо засилување – Марија Радески пристигнува на Чаир за посилен напад.
Минатата сезона Радески беше дел од Академија Пандев, а со репрезентацијата на Македонија учествуваше и на Европското првенство ова лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Голема е честа и задоволството шѓто ќе играм за тим како Шкупи. Секој играч би сакал да биде дел од амбициозен клуб како што Шкупи. Секоја година тука се цели на шампионската титула. Дојдов да помогнам и заедно со соиграчите да се бориме за првото место. Сакам да ја поздравам и навивачката група „Шверцери“ која ќе биде наш 12-ти играч“; изјави Радески за официјалниот сајт.
Радески потпиша двегодишен договор и ќе патува со тимот во Португалија на реваншот против Санта Клара.