Дома Топ вести ПСЖ ја сака новата „десетка“ на Бразил

ПСЖ ја сака новата „десетка“ на Бразил

Играчот на Милан, Лукас Пакета се најде на мета на ПСЖ и „светците“ саката да го донесат уште во јануари.

Леонардо ова лето од Милан премина во ПСЖ и повторно е спортски директор на францускиот првак, а како едно од засилувањата за новата сезона го гледа Бразилецот, кој токму тој го откри.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Пакета во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за „росонерите“ покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч, а неодамна го доби дресот со број „десет“ во бразилската репрезентација.

Сега, „Кориере дело Спорт“ тврди дека Лео ќе го искористи добриот однос со играчот и финансиските проблеми во Милан за да го донесе Пакета во Париз и спремил понуда од 40 милиони евра, но прашање е дали тоа ќе биде доволно за „росонерите“ да го пуштат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…