Втор натпревар по ред Деле Али не е во составот на Тотенхем, а медиумите тврдат дека Мурињо го „пречкртал“ и дека англискиот репрезентатицен е на продажба.
Жозе Мурињо го замени англискиот репрезентативец на паузата од мечот со Евертон, а потоа го остави надвор од тимот за средбите со Локомотив Пловдив и денешниот натпревар со Саутемптон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во меѓувреме, Тотенхем го понуди Али во зделката за Герет Бејл и Серхио Регулион, но Реал Мадрид не беше заинтересиран за Англичанецот.
Последните информации говорат дека ПСЖ започнал преговори и сака да го донесе Деле Али на „Паркот на принцовите“.
Тотнем сигурно нема лесно да се ослободи од Деле Али кој има договор до 2024 година, па за неговата слобода ќе бара помеѓу 30 и 40 милиони фунти.
ПСЖ сака да го донесе фудбалерот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.