Дома Фудбал Останато ПСЖ со пресврт до првиот трофеј сезонава (Видео)

ПСЖ со пресврт до првиот трофеј сезонава (Видео)

Пари Сент Жермен е победник на Суперкупот на Франција откако со пресврт го победи Рен. (2:1).

Избраниците на Томас Тухел не го започнаа мечот најдобро и дозволија противникот да поведи со 1-0 после 13 минути игра. Стрелец на голот беше Адриен Хуно и со тој резултат се замина на одмор.

Конечно во 57-та минута „светците“ преку Мбапе постигна гол по асистенција од Сарабија за 1-1. Во 73-та минута Анхел Ди Марија постигна убав гол од слободен удар за комплетен пресврт и освојување на трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маркос Рашфорд во центарот на спектакуларен трансфер

Маркос Рашфорд би можел да се најде во центарот на еден од најинтересните потези во завршн…