Со Антонио Конте не само играта изгледа се поправија и работите во соблекувалната на Интер.
Едно од освежувањата на сезоната е талентираниот Себастијанo Еспосито, момчето кое со само 17 години доби прилика да се покаже во Лигата на шампионите. Се очекува наскоро да добива повеќе шанса и во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пишува дека многу лесно можело да се случи Еспосито да премине во Пари Сен Жермен.
Во текот на летото ПСЖ правел напори да го доведе Еспосито, но Конте после седнувањето на клупата брзо реагирал и порачал дека ќе смета на него.
Тогаш веднаш Еспосито добиваше шанса во припремните натпревари на Интер.
Во Лигата на шампионите доби прилика на последниот натпревар против Борусија Дортмунд.