Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака е најновата трансфер цел на Пари Сент Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според италијанските медиуми, „светците“ испратиле официјална понуда до Сасуоло за напаѓачот кој оваа сезона во Серија А постигна 16 гола на 38 натпревари.
Скамака е голема желба на новиот спортски директор на ПСЖ, Кампос и испратил понуда од 35 милиони евра плус бонуси.
Сасуоло за слободата на напаѓачот бара 45 милиони евра, но двата клуба ги продолжуваат преговорите и се очекува во наредните денови да најдат заеднички јазик.
Скамака во Париз треба да биде замена за Икарди, кој е на излезна врата и ПСЖ веќе му порача да си бара нов клуб.
‼️🔥 Il #Psg non molla Gianluca #Scamacca: pronto un contratto importante per il centravanti del #Sassuolohttps://t.co/k1BLWlIiZl
— calciomercato.it (@calciomercatoit) June 29, 2022