Дома Фудбал Англија ПСЖ подготви „валкан“ план: Санчез пристигнува во Париз, следат бонуси за „НЕ“ кај Гвардиола

ПСЖ подготви „валкан“ план: Санчез пристигнува во Париз, следат бонуси за „НЕ“ кај Гвардиола

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез одби да го продолжи договорот со Арсенал и како што сега стојат работите летово како слободен играч ќе го напушти „Емирати“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челниците на лондонскиот клуб најверојатно ќе се одлучат да го продадат Алексис во јануари, за да не го напушти тимот како слободен играч. Најголем интерес за услугите на овој играч покажа Манчестер Сити, но ПСЖ покажа дека е подготвен да ги расипе плановите на Пеп Гвардиола.

Според пишувањата на англиските медиуми, челниците на ПСЖ подготвени се да потпишат договор со Чилеанецот во јануари за да бидат сигурни дека ќе пристигне во Париз кога ќе му истече договорот со Арсенал. Францускиот клуб сака на овој начин да го наговори Алексис да остане до крајот на сезоната, и да се го прифати трансферот во Сити.

Челниците на ПСЖ подготвија лукав план, па доколку Алексис го потпише со нив овој преддоговор ќе биде добро награден. Како што се наведува, кога Алексис ќе стане член на ПСЖ на своето конто ќе добие 10 милиони евра бонус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Хрватска за Мундијалот не повика напаѓач кој даде 38 гола

Хрватскиот селектор Златко Далиќ денеска го објави списокот на повикани репрезентативци за…