Дома Фудбал Останато ПСЖ на Меси му нуди договор кој не се одбива

ПСЖ на Меси му нуди договор кој не се одбива

Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а сега „светците“ му спремија нов договор кој тешко ќе може да го одбие.

35-годишниот Меси до сега заработуваше 30 милиони евра по сезона во Париз, а со новиот договор ќе добие повисока плата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Постигнат е вербален договор, а сите детали ќе бидат познати до крајот на јануари кога во Париз ќе пристигне таткото и менаџерот на аргентинскиот фудбалер, Хорхе Меси за да го финализира договорот. Времетраењето на новиот договор и годишната плата ќе бидат договорени на тој состанок. Се очекува Меси да го продолжи договорот до јуни 2025 година.Тој ќе потпише „месиевски договор“, кој ќе биде подобар од сегашниот и ќе има повисок плата од онаа што ја имаше досега. На Меси ќе му биде понуден договор што не може да го одбие“, пренесува „Марка“.

„Марка“, додава дека раководството на ПСЖ сака Меси да се пензионира во дресот на францускиот клуб, бидејќи тоа би им донело уште поголема популарност.

Францускиот клуб од првата сезона на Меси во Париз заработи дури 700 милиони евра. Аргентинецот е играч на ПСЖ од 2021 година, а до сега одигра 53 натпревари и постигна 23 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…