И покрај тоа што Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година со месеци се шпекулира за неговиот можен трансфер во Реал. Во Мадрид сонуваат за еден од најдобрите играчи во светот и Зидан неодамна јавно зборуваше дека му се допаѓа.
Мбапе засега го одбива договорот со ПСЖ, но ќе видиме што ќе се случува во иднина. Сега во француските медиуми се појави вест дека ПСЖ му спремил спектакуларен договор и услови кои тешко би ги одбил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„АС“ повикувајќи се на француски извори тврди дека ПСЖ сака да му даде договор на пет години, вреден 185 милиони евра!
Освен тоа се пишува дека во договорот ќе има „анти-Мадрид“ клазула. Таа клазуал би значела дека Мбапе додека има договор со ПСЖ не ќе може да се пресели во Реал. Тоа е клазула на која инсистираат во ПСЖ и не е познато дали Мбапе би ја прифатил.
? Le Parisien publica que el PSG está trabajando en una oferta que será imposible de rechazar por Mbappé, pretendido por el Real Madridhttps://t.co/LO3lAmn0nB
— Diario AS (@diarioas) December 25, 2019