Дома Фудбал Останато ПСЖ му постави ултиматум на Нејмар

ПСЖ му постави ултиматум на Нејмар

Раководството на ПСЖ му постави Ултиматум од две недели на големата ѕвезда од тимот, Нејмар, за да стави потпис на новиот договор.

И покрај фактот што Бразилецот  во неколку наврати јавно изјави дека ќе остане во клубот, сепак го одолговлекува потписот на новиот договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот договор на Нејмар истекува во 2022 година, а ПСЖ му нуди нов договор до 2027 година. Во клубот сакаат се да биде официјализирано до полуфиналниот натпревар со Сити во Лигата на шампиони.

Во последните денови повторно се појавија шпекулациите за евентуално враќање на Нејмар во Барселона. Тоа го вознемирило раководството на ПСЖ, па веникот „Екип“ тврди дека му поставиле ултиматум и сакаат што побрзо да биде решена иднината на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…