ПСЖ сериозно се вклучи во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вилијамс блескаше на Европското првенство и има откупна клаузула од 50 милиони евра, па Барселона важеше за голем фаворит за неговиот потпис.
Како што пишува „Мундо Депортиво“ „светците“ се подготвени да ја удвојат понудата за платата на играчот, која ја понудил каталонскиот клуб.
И покрај ваквата ситуација, Барселона е убедена дека има предност во преговорите со Нико Вилијамс.