Дома Фудбал „ПСЖ лаже, исфрлете ги од Лига на шампиони“

„ПСЖ лаже, исфрлете ги од Лига на шампиони“

Претседателот на шпанската Примера, Хавиер Тебас бара ПСЖ и Манчестер Сити да се исфрлат од Лигата на шампиони.

Тебас ги обвини ПСЖ и Сити за непочитување на правилата на УЕФА за финансиски фер-плеј, па смета дека овие два клуба треба да се исфрлат од најелтиното натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ПСЖ и Манчестер Сити најмногу вложија во нови играчи во последните пет години. Нивните вистински приходи не би можеле да им ги покријат тие трошоци. Тие измислија фиктивни спонзори поврзани со државата. Тие суми едноставно не одговараат со цените на пазарот. Ги споредивме нивните приходи со приходите на Реал, Барса, Јунајтед и Баерн и тие се супериорни“, изјави Тебас.

ПСЖ само од спонзори годишно заработува 344 милиони евра, што е значително повеќе од Реал, Барса, Јунајтед и Баерн, клубови кои се далеку попопуларни од „светците“.

„ПСЖ лаже, нивните спонзори се фиктивни и се поврзани со државата Катар. Ќе ги оштетиме другите клубови ако на преварантите им дозволиме да се натпреваруваат во Лига на шампиони“, смета Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…