Дома Фудбал Останато ПСЖ и Франција под истрага: Французите под „допинг“ станале светски шампиони!?

ПСЖ и Франција под истрага: Французите под „допинг“ станале светски шампиони!?

Светската антидопинг агенција (ВАДА) го истражува тимот на ПСЖ, но и репрезентацијата на Франција која во 2018 година во Русија во финалето ја победи Хрватска и го освои Светското првенство.

Истражителите се сомневаат дека Французите во финалето користеле сомнителни стиумуланси кои би можело да се покаже дека се забранети, а доколку не се, се наоѓаат на опасна граница.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за гуми за џвакање. Пред неколку дена во јавноста се појави информација дека поради такви гуми за џвакање под истрага е ПСЖ.

Наводно фудбалерите користеле гуми за џвакање кои своевремено ги патентирала американската војска, во последните години тие можат слободно да се купат на пазарот.

Тоа се гуми за џвакање без шеќер збогатени со витамин Б и во себе содржат 50 милиграма кофеин. Фудбалерите ги конзумирале 50-тина минути пред почетокот на натпреварот бидејќи тоа било идеално време за да делува за време на натпреварот и да го намали заморот.

Предноста на овие гуми за џвакање е што кофеинот од нив делува само пет минути после конзумацијата, додека во енергетските пијалоци или кафето за делување потребно и по час и полвина.

Поради тоа ВАДА го истажува овој производ кој е во сива зона.

Овие гуми за џвакање ги користел и Монако кога во 2017 година стана шампион на Франција. Откриено е и дека француската репрезентација ги користела на Европското првенство во 2016 година.

Не станува збор за нелегален производ, меѓутоа сега овие гуми за џвакање се под сериозна истрага.

На оваа тема зборуваше и докторот на Франција, Франк Ле Гал. Тој порача дека фудбалерите никој не ги тера да ги зимаат гумите за џвакање.

„Не сум сигурен колку тие гуми за џвакање имаат влијание. Тие стојат на располагање на играчите на масата заедно со другата храна богата со енергетски материи. Може да ги земе кој што сака, никој не е приморан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Екс-фудбалерот на Милан вторпат направи сообраќајка во три месеци

Напаѓачот на Емполи, Мбаје Нијанг имаше уште една сообраќајна несреќа. Овој 29-годишен нап…