Дома Топ вести ПСЖ и постави краен рок на Барса, после започнува преговори со Реал Мадрид!

ПСЖ и постави краен рок на Барса, после започнува преговори со Реал Мадрид!

Раководството на ПСЖ и постави краен рок на Барселона во преговорите за трансферот на Нејмар, пренесуваат француските медиуми.

Двата клуба имаат различни позиции околку обештетувањето, па „светците“ нема уште долго да чекаат и им поставиле рок на Каталонците до петок (денес) – потоа ќе започнат преговори со Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на последната средба помеѓу Барса и ПСЖ имало голема напнатос, па доколку Каталонците не ја подигнат понудата, тогаш „светците“ и официјално ќе се насочат кон преговори со Реал Мадрид.

Според највлијателните шпански медиуми и Реал Мадрид и Барса се спремни да платат 170 милиони евра за Нејмар, но желбата на Каталонците е да ја платат сумата на неколку рати.

Тоа не му се допаѓа на ПСЖ и поради тоа врши притисок, а од Барса се разочарани и очекуваат Нејмар јавно да се огласи и да побара трансфер на „Камп Ноу“.

Доколку двете страни не најдат заеднички јазик до крајот на денот, од утре ПСЖ и официјално ќе седне на преговарачка маса со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…