Пари Сент Жермен започна преговори со Арсенал за трансфер на десниот бек Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Офанзивниот бек не крие дека сака во новата сезона да игра и во Лигата на шампиони и затоа е спремен да ја промени средината.
Од друга страна Арсенал е спремен да го продаде со цел да ја наполни клупската каса, а целата ситуација сака да ја искористи ПСЖ.
Освен ПСЖ, интерес за услугите на Белерин имаат и Јувентус и Баерн Минхен, меѓутоа „светците“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
ПСЖ веќе испратил прична понуда од 30 милиони евра, а Арсенал сака 5 милиони повеќе, па двата клуба во моментов преговараат и се верува дека ќе ја „испеглаат“ разликата со бонуси.