Иако е почеток на март во Пари Сент Жермен веќе можат да почнат со планирањето на наредната сезона.
Тимот е убедливо прв на табелата со 17 бода предност пред второпласираниот Лил, додека во Лигата на шампиони беше елиминиран во осминафиналето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Затоа француските медиуми веќе шпекулираат со имињата кои го напуштат клубот на лето. Според „Екип“ со сигурност ќе бидат продадени Хесе Родригез (кој е на позајмица во Бетис), Томас Муние и Кристофер Нкуку. Од клубот очекуваат во најдобар случај од овите тројца фудбалери да инкасираат 70 милиони евра.
„Паризиен“ пак тврди дека Едисон Кавани и Анхел ди Марија исто така можат да го напуштат „Паркот на принцовите“. Тие не се на трансферната листа, но клубот е спремен да ги продаде доколку пристинат примамливи понуди.
Иднината на Дани Алвеш исто така не е сигурна. Договорот му истекува на крајот на сезоната, а од ПСЖ немаат намера да му понудат продолжување на соработката.
Кога сме кај промените на клубот се очекува спортскиот директор Антеро Енрике и тренерот Томас Тухел исто така да го напуштат клубот.
Во Париз се исклучително незадоволни од раната елиминација во Лигата на шампиони, па се спремни на лето повторно да донесат големи засилувања во тимот.
Selon L’Équipe, un grand ménage est prévu au PSG cet été !
Le club souhaite empocher au moins 60 M€ en rapport avec le fair play financier avec Jesé, Meunier et Nkunku comme premier exemple.
Cavani et Di Maria ne seront pas retenus en cas de très grosse offre… pic.twitter.com/uCgt0ln5SU
— Instant Foot ⭐⭐ (@lnstantFoot) March 8, 2019