Дома Фудбал ПСЖ за него плати 60 милиони евра, а Енрике вчера – брутално го понижи!

ПСЖ за него плати 60 милиони евра, а Енрике вчера – брутално го понижи!

Низ шега тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике брутално го понижи Мануел Угарте за кого францускиот гигант плати сума од 60 милиони евра изминатото лето.

Енрике вчера го освои својот прв трофеј откако е во Париз со победата против Тулуз од 2:0 во Суперкупот на Франција.

На прес-конференцијата новинарите му поставија прашање за Угарте кој одигра лош натпревар, а од шпанскиот стратег следуваше ироничен одговор.

„Каков беше Угарте денеска? Одличен! Не изгуби ниту една топка, не направи грешка, перфектен“, искоментира иронично Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Сити го следат Ливраменто: Договорот е клучот за можен трансфер

Њукасл сака да го задржи Тино Ливраменто, но застој во преговорите за продолжување на дого…