Францускиот шампион Пари Сент Жермен го потисна Манчестер Сити од врвот на листата на финансиски најмоќни клубови, покажа анализата напревена од Soccerex Football Finanse.
„Светците“ имаат финансиски индекс од 5,13, кој се определува според вредноста на тимот, финансиите на клубот како и можноста за потенцијални инвестиции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Анализата покажа дека ПСЖ успеал да ги намали долговите за 70 милиони евра во последната година, додека долговите на Манчестер Сити се зголемиле за 90 милиони евра. Германскиот гигант Баерн Минхен е на третото место на финансиски најмоќни клубови во светот.
Потоа следуваат Тотенхем и Реал Мадрид кој го комплетираат Топ 5, а во Топ 10 се уште Арсенал, Челзи, Ливерпул, Јувентус и Борусија Дортмунд.
Меѓу водечките клубови во Европа најголем пад бележи Манчестер Јунајтед, кој падна за осум позиции и сега се наоѓа на 16-то место на табелата.