Дома Трансфер зона ПСЖ го нуди Нејмар, тој сака да остане

ПСЖ го нуди Нејмар, тој сака да остане

Нејмар уште еднаш изјави дека има намера да остане во Пари Сен Жермен, иако француските медиуми тврдат дека „светците“ сакаат да се ослободат од него.

Европските медиуми тврдат дека ПСЖ го понудил Нејмар на некои од европските гиганти како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Реал Мадрид, но тие не покажале интерес за него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот беше купен за рекордни 222 милиони евра од Барселона во 2017 година, но никогаш не успеа да ги оправда огромните средства кои беа вложени во него.

„Засега ништо не ми кажале од клубот, па мислам дека ќе останам во ПСЖ, изјави 30-годишниот Нејмар.

Бразилецот моментално се наоѓа во Доха, каде еден од неговите спонзори организираше фудбалски турнир со пет играчи, кој го носи неговото име.

Минатата сезона Нејмар одигра 22 натпревари за ПСЖ, на кои постигна 13 гола и запиша 6 асистенции, што е многу послаба статистика од онаа на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…