Дома Трансфер зона ПСЖ го возвраќа ударот? Спрема напад на Бразилецот од Реал кој има клазла од една милијарда!

ПСЖ го возвраќа ударот? Спрема напад на Бразилецот од Реал кој има клазла од една милијарда!

Додека целиот фудбалски свет чека конечно да се комплетира трансферот на најдобриот играч на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе во Реал Мадрид, францускиот шампион наводно подготвува план да го возврати ударот.

Имено, француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ сериозно размислува да тргне по напаѓачот на Реал Мадрид, Бразилецот Родриго.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос веќе стапил во контакт со бразилскиот репрезентативец, за да му го „почувствува пулсот“.

Се тврди дека Родриго иако брилјираше оваа сезона, проценил дека ќе падне во втор план во конкуренција на Винисиус, Мбапе, Белингем, како и новата тинејџерска сензација од Бразил, Ендрик, а тоа е картата на која игра ПСЖ.

Секако, на Пари Сен Жермен нема да му биде лесно, бидејќи Родриго во договорот со Реал има откупна клаузула која изнесува една милијарда евра и во Мадрид и покрај големата конкуренција сигурно нема да сакаат да се откажат од неговиот услуги. Сепак, во ПСЖ се надеваат дека имаат шанса да го доведат за прифатлива цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…