Дома Топ вести ПСЖ во „трка со времето“ – Ќе успеат ли да ја доведат големата желба на Барса?

ПСЖ во „трка со времето“ – Ќе успеат ли да ја доведат големата желба на Барса?

Откако французите го потврдија трансферот на Килијан Мбапе, клубот од Париз вечерва до полоноќ би можел да обезбеди и ново засилување од 40 милиони евра.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Наводно, ПСЖ во овие моменти се обидува да го договори Жан Мишел Сери, фудбалерот на Ница кој беше голема желба на Барселона, но каталонците одбија да платат 40 милиони евра.

Сери беше разочаран, но во тој момент изјави дека не се сите опции истрошени, фудбалерот очекуваше понуди од Ливерпул, Арсенал и ПСЖ.

И на крајот пристигна понудата од ПСЖ и тоа денес, но „Л’Екип“ се сомнева дека управата на богатиот клуб ќе има доволно време да го заврши и овој трансфер.

Но, полека но сигурно, едно станува јасно, ПСЖ може да купи кого сака и кога и сака, без никакви проблеми од финанскиот фер плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…