Дома Фудбал Останато Просинечки за првпат ќе биде тренер на клуб од Хрватска

Просинечки за првпат ќе биде тренер на клуб од Хрватска

 Роберт Просинечки стана нов тренер на Рудеш.

Клубот од Загреб кој минатата сезона се избори за промоција во ХНЛ објави вест за негово пристигнување. Тренерот Давор Младина кој обезбеди пласман на клубот во првата лига си замина по истекот на договор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Иако кажав дека не би работел во хрватскиот фудбал сепак го прифатив овој предизвик. Ситуацијата тука ми изгледа како позитивна приказна. Освен тоа, сакам предизвици. Верувам дека ќе играме убав и добар фудбал. Затоа нема премногу да зборуваме, туку ќе тргнеме да работиме со полна сила, ќе дадеме се од себе за да ги развеселиме сите луѓе околу нас“, изјави Просинечки на промоцијата.

Пред овој ангажман Просинечки скоро една година беше без клуб, а во кариерата има искуство како селектор и клупски тренер. Кариерата ја започна како тренер помошник во хрватската репрезентација.

Седна на клупата на Црвена Звезда во 2010 година, за потоа да работи уште во Кајсериспор, Денизлиспор и Олимпија. Како селектор ги водеше репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајнц го шокираше Баерн

Мајнц со два гола на Корецот Ли Јае-Сунг, го изненади Баерн Минхен со 2-1 во дуел од герма…