СЕРХИО РАМОС се уште е слободен агент во потрага по нов ангажман.
Легендарниот стопер на шпанската репрезентација и Реал Мадрид е слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен, а на 37-годишна возраст се уште е желен за предизвик.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Беше во преговори со Бешикташ, но нема да дојде од негов трансфер во Турција.
Ова го потврди клубот на социјалните мрежи со објава во која се наведува дека преговарал со него и Андерсон Талиско, бразилскиот играч за врска на Ал Наср.
Преговорите со двајцата пропаднаа откако двете страни не успеаја да се договорат за финансиските детали од договорот.
Рамос, светски и двократен европски шампион со Шпанија и четирикратен освојувач на Лигата на шампионите со Реал, претходно беше поврзуван со Севиља, клубот во кој ја започна кариерата.
Тој клуб јавно ја отфрли можноста да го доведе, исто како и сега Бешикташ.