Дома Трансфер зона „Промашената инвестиција“ на Барса доби понуда од соништата!

„Промашената инвестиција“ на Барса доби понуда од соништата!

Бразилецот Малком ова лето пристигна како големо засилување во Барселона, но не ги оправда очекувањата и воопшто не добива шанса на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но и покрај тоа за него постои сериозен интерес, најпрво од Евертон, а сега доби и понуда од Кина.

Тимот на Гвангажу Евергранде на адреса на Барселона испратил понуда вредна 50 милиони евра и богат договор за крилниот напаѓач.

Интересно е дека Малком на овој азиски клуб го препорачал Андре Кари, поранешен скаут на Барселона за Јужна Америка. Очигледно Кари има информации дека Малком е незадоволен и спремен е да помогне и на двете страни.

Доколку овој трансфер би се реализирал Барселона дури и би заработила од Малком – го купија за 41 милион евра, а би го продале за девет повеќе.

https://youtu.be/rQJFAySObVc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…