Дома Трансфер зона „Проколетството“ на „десетката“ – Ќе се откаже ли Јувентус од Паоло Дибала?

„Проколетството“ на „десетката“ – Ќе се откаже ли Јувентус од Паоло Дибала?

dybala

Гласини кружат веќе долго време, постои сериозен проблем, а изгледа дека во клубот се отворени за таква можност…

Дали Паоло Дибала е на продажба?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во италијанските медиуми често се пишува за гласините дека Јувентус е спремен да се откаже од својата нова „десетка“, број кој е како „проколнат“ од кога замина Алесандро Дел Пиеро.

Го носеше Карлос Тевез пред неколку години, одби да остане до крајот на договорот и се врати во Бока, потоа „десетката“ замина кај Погба кој подоцна беше продаден на Манчестер Јунајтед, ќе се случи ли истото со Паоло Дибала?

Имено, Алегри не верува дека во формацијата 4-3-3 која има намера да ја користи нема место за Дибала. Тој во оваа ситуација може да игра како лажна „деветка“, што и веројатно ќе биде доколку не се опорави Игуаин за натпреварите во Рим и Лондн.

По страничните позиции може да играат Бернардески и Даглас Коста или Манџукиќ. Медиумите во Италија сметаат дека после жестокиот старт Алегри не успева да го пронајде вистинското место за Аргентинецот. Од друга страна пак, некои тврдат дека Дибала веќе размислува за интересот од други клубови.

Информациите дека Јувентус побарал од Дибала да го отпушти својот брат кој е негов агент и да го ангажира Мино Раиола не се без основа, можеби Наполитанецот може да издејствува трансфер од соништата за Дибала, но и за Јувентус.

ПСЖ веројатно со задоволство би го купил доколку Нејмар замине, но има и други опции.

Цената?

Изгледа дека би можела да падне доколку Дибала не добие повик за Мундијалот (не беше повикан за пријателските средби против Италија и Шпанија). Според информациите би можела да изнесува помеѓу 100 и 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …