Дома Останати Кошарка НБА Продолжува со МВП форма: Јокиќ со историски трипл-дабл донесе победа за Денвер 🎥

Продолжува со МВП форма: Јокиќ со историски трипл-дабл донесе победа за Денвер 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува да игра во страшна форма, а минатата вечер беше најзаслужен што Денвер славеше против Њу Орлеанс со 138:130.

Јокиќ оствари трипл-дабл од 46 поени, 12 скока и 11 асистенции. Во второто полувреме и во екстра периодот Србинот уфрли 30 поени. Токму во тие моменти ги постигна најважните поени, прво на 2.2 секунди пред крајот обезбеди реми, а со седум поени во продолжението ја донесе победата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со овој трипл-дабл Јокиќ е првиот играч во НБА лигата од 1973 кој имал најмалку 40 поени, 10 скока, 10 скока, 4 блокади и 3 украдени топки. Од таа 1973 се мери статистиката во најсилната лига во светот. Освен тоа Јокиќ стана и вториот во историјата на НБА после Вилт Чемберлен со 45 поени и 75% реализација од поле.

Шампионот Миловки беше подобар во репризата од минатогодишното финале против Феникс со 132:122. Феникс во овој натпревар беше ослабен затоа што играше без Крис Пол, Девин Букер и Кем Џонс. Најрасположен кај Бакси беше Крис Мидлтон кој постигна 44 поени, во редовите на Феникс Диандре Ејтон уфрли 30.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Индијана 133-123, Хјустон – Мемфис 123-112, Оклахома – Јута 103-116, Кливленд – Торонто 104-96, Денвер – Њу Орлеанс 138-130, Л.А. клиперс – Њујорк 93-116, Бостон – Бруклин 126-120, Милвоки – Феникс 132-122.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…