Дома Македонски спорт Мак фудбал Продолжува серијата на Беласица: Струмичани постигнаа два гола во последните минути за пресврт и победа

Продолжува серијата на Беласица: Струмичани постигнаа два гола во последните минути за пресврт и победа

Екипата на Беласица продлжува да реди победи во домашното првенство како да е тим кој се бори за титулата, а не тим кој е во долниот дел од табелата.

Струмичани денес направија пресврт и тоа со два гола во финишот, 86-тата минута и 91-та минута (3:2).

Изгледаше дека Ренова ќе ја запре Беласица, но Милушев и Герогиев погодуваа во финишот за победа на тимот од Струмица. Со оваа победа Беласица дојде на бод од местото за бараж на кое е Силекс и три од Работнички кој денес одигра реми во градското дерби против Вардар (1:1)

Беласица во последните натпревари ги победи Шкендија, Академија Пандев и Македонија ЃП, додека со Вардар одигра реми 1:1.

Силекс на гости кај Шкендија одигра реми без голови, Македониај Ѓ.П минимално славеше против Шкупи со 1:0, додека Академија Пандев однесе убедлив триумф против Победа од 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…